|
|
 |
|
Туризам
|
 |
Тетовската околина со нејзините природни убавини, во минатото, па и денеска, наголемо го привлекува интересот на туристите и се афирмира како туристичка страна на оваа Република. За развојот на туризмот значајно улога одиграла изградбата на сообраќајната мрежа, а нејзината модернизација во иднина ќе ја забрза оваа гранка на економијата.
Главно место во развојот на туризмот завзема центарот Попова Шапка, но И другите убавини кои се на Шар Планина. Убавиот терен во склоп на планинскиот масив, релативната височина, подобниот рељеф, снежните врнежи, претерано го красат овој спортски рекреативен центар.
Центарот на Попова Шапка, со надморска височина од 1780 метри, благодарејќи на рељефот, и идеалните терени, станува идеален за издигнување на спортски центар
Попова Шапка може да се искористи во тек на зимата како скијачки центар со манифестации од меѓународен ранг. Додека пак преку лето нејзините природни убавини привлекуваат најразлични планинарски друштва. Изградбата на жичарницата Тетово-Попова Шапка, започната во 1962 год. и завршена во 1969 год, како и асфалтираниот пат, му овозможуваат на сиот хотелиерски комплекс во текот на зимата да биде преполн.
Должината на жичарницата изнесува 7км. За едно кратко време (40мин) со височинска разлика до 1400 м се пристигнува во рекреативниот центар. Шапка ја разубавуваат и викенд куќичките, наредени една по друга со добро уредена инфраструктура. Во масивот на Шара се истакнуваат и природните езера со ретка убавина.
Во Тетово, освен Попова Шапка, се посетува и комплексот Арабати Баба Теќа, изградено од1538 – 1548 год, каде туристите се запознаваат со културните богатства на овој објект, во чиј состав постои и еден импозантен ресторант.
Истотака со значајн посетеност, странска а посебно домашна преку викенд излетувањата, е и Калето на Тетово, изградено во 1820 год, кое претставува еден културен комплекс на минатото.
|
 |
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Историска победа на македонските ватерполисти ... повеќе
2008-07-04 Девет лица повредени во престрелка во Радуша ... повеќе
2008-07-04 Расте стравувањето дека во Сава се удавиле 13 луѓе ... повеќе
2008-07-04 Двајца мртви во судирите во Јужна Осетија ... повеќе
2008-07-04 Директна воздушна линија меѓу Кина и Тајван по пет децении ... повеќе
2008-07-04 Ранети 11 луѓе во експлозија во Пакистан ... повеќе
2008-07-04 Земјотрес во Иран ... повеќе
» Останати топ вести
|
|