|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Расте стравувањето дека во Сава се удавиле 13 луѓе
Љубљана - 2008-07-04
Тринаесет загинати, се стравува дека би можело да биде конечниот билансод трагичната несре а што се случи во четврток попладне во реката Сава, воблизината на Кршко.
Несре ата се случи кога вртлозитекрај браната на недовршената хидроцентрала Бланца на Сава во близина на Севницаповлекоа 14 луѓе што учествуваа во рекреативен спуст на реката, при што нивитедва кајака се распаднаа.
Спасувачките екипи рано изутринатаизвлекоа неколку мртви тела, меѓу кои и градоначалникот на општина Севница ипратеник во словенечкото Собрание Кристијан Јанц, јавија локалните гласила.
Според неофицијални информации, бројот на удавените се искачил на осум, по петмина се уште се трага, а еднолице се спасило веднаш по несре ата.
Медиумите наведуваат дека несре атаверојатно е предизвикана од човечки фактор, односно од невнимание.
Спустот по Сава во кој учествуваапове е функционери на општина Севница е организиран за „последен пат“ дазапловат по делот на реката, што е се смени по отворањето на проточнитехидроцентрали.
Учесниците ги следела несре а одсамиот почеток, кога во близината на Севница едно од пловилата се превртело, нотука никој не настрадал.
Три пловила со речиси 30 учесници во„регатата“ продолжиле понатаму кон хидроцентралата Бланца. Додека еден кајакбезбедно запрел на брегот на Сава, другите два го продолжиле опасното возењекрај градилиштето на хидроцентралата Бланца, каде има вртлози, на кои ситеучесници паднале во водата и во длабочините ги повлекол втрлог.
Спасувачките екипи ја продолжуваатпотрагата по исчезнатите, но се стравува дека билансот на жртвите може да биде13.
Спустот го организиралградоначалникот на Севница, а според непотврдени информации, никој одучесниците немал елек за спасување.
Местото на несре ата сино а гопосетија словенечкиот претседател Данило Тирк и премиерот Јанез Јанша.
|
|
|
 |
| СТАРИ ВЕСТИ |
2008-09-08 Ограбена златара во Чаршија, ограбувачите го вратиле златото ... повеќе
2008-09-08 Унгарецот Персели победник на атлетскиот маратон ... повеќе
2008-09-08 Русија е против мисија на ЕУ во Грузија ... повеќе
2008-09-08 Приходите од нафта во Иран надминаа 80 млд.долари ... повеќе
2008-09-08 Албанија ги повлекува банкнотите од 100 и 200 леки ... повеќе
2008-09-08 Италија ќе врати затвореници во Албанија ... повеќе
2008-09-08 Ричард Холбрук на Косово ... повеќе
» Останати топ вести
|
|