|
|
 |
|
култура
|
 |
Добрата геостратешка положба, тоа што се наоѓа на крстопат и Полог со родната земја, се причините со кои Тетово им го привлекуваше вниманието на разни освојувачи. Во XV век Тетово го освојуваат турците. Со доаѓањето на турците се развива едан друг вид на култура. Нејзино огниште стануава комплексот на бекташианското теќе наречено ХАРАБАТИ(ТЕЌЕ), изградено од Серсем Али Деде (1538-1548).
Османлиите на Тетово му подарија многу јавни и верски објекти кои припаѓаат на исламската култура : џамии, теќиња, народни кујни за сиромашните, амами (јавни бањи), шадервани (фонтани) и др.
За споменување е библиотеката на Арабати Теќе од XVIII - XIX век, затоа што во неа културата и образованието се развија паралелно со исламската религија. Во оваа библиотека се вршеше и копирањето на дела од интелектуалците на времето, со избрана калиграфија кои покасно се красеа со орнаменти завиткани во кожа.
Во Тетово го имаме Калето на Тетово, кое се наоѓа на врвот на Балтепе, одма над Тетово. Тоа се изгради во 1820 год. од страна на Абдурахман Паша. Овој културен објект претставува една ретка убавина од минатото. Неговата содржина е доста комплексна. Внатрешниот дел има 5 сараји, големи кујни, бањи, еден бунар на средина и 3 тунели за излез. Во тек на војните претрпе големи оштетувања.
Во Тетово постои библиотеката “Кочо Рацин“, меморалниот музеј, историскиот архив и др. Денеска Тетово го краси објектото подигнат на темелите на Чарши-џамија, изграден во 1975 год. Тоа е Домот на Културата, каде се развиваат паралелно сите култури на граѓаните на Тетово, без оглед на нивната национална припадност. Во склоп на овој Дом се развиваат голем број културни активности : музички, театрални(драмски), активности од ликовната и книжевната уметност .
Од музичките активности се истакнуваат: младинскиот мешан кор, женскиот кор, машкиот кор и културно-уметничките друштва. Вреди да се истакне успехот на младинскиот мешан кор под диригенство на Арифхикмет Џемаили, кои од Светската Олимпиада во Линц, Австрија 2000 год., се вратија со сребрен медал, а во Wermigerode, Германија 2001 год. го освоеја првото место.
Од најпознатите културно-уметничките друштва кои делуваат во овој Дом, односно во Тетово, се набројуваат : КУД “Џеладин Зеќири“(1949), КУД “Иљо Антевски-Смок“ и КУД “Јени Хајат“.
Во служба на драмските активности, постои посебно драмско студио за возрасни, младинско студио и студио за деца.
Во Домот на Културата постои и делува ателието на ликовната уметност во кое се афирмираат и развиваат професионалните и аматерните ликовни уметници, т.ш. се организираат голем број уметнички изложби.
Од книжевно-уметничките активности се истакнуваат литературните клубови „Литературен Клуб 94“ и „Кирил Пејчиновиќ“. Се организираат промоции на книги, литературни и поетски излагања, манифестации по повод на разни писатели од нашето културно творештво, се објавуваат конкурси за помладите книжевни уметници по разни литературни дела и истите се наградуваат и др.
Невладината организација Мултикултура, која се занимава со активности од областа на Културата .Има реализиран неколку проекти во овј област на пример Култура Мост на зближување.и други проект со Културен карактер.
Хуманитарната невладина организација “Лоја“, која што е поддржана од Канадската Амбасада, истотака поседува свој локалитет во склоп на овој Дом. Треба да се истакне нејзината функција во нашата средина, имено таа се занимава со разни културни активности со децата од предшколската возраст до осмо одделение и албанци и македонци т.ш. заеднички учествуваат и се дружат во разни активности на пр. цртање, учење на англискиот јазик, компјутерски знаења, разни игри, и др.
Во склоп на овој Дом се организираат и разни економски саеми, каде најуспешните производители ги презентираат нивните производи.
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-07-04 Историска победа на македонските ватерполисти ... повеќе
2008-07-04 Девет лица повредени во престрелка во Радуша ... повеќе
2008-07-04 Расте стравувањето дека во Сава се удавиле 13 луѓе ... повеќе
2008-07-04 Двајца мртви во судирите во Јужна Осетија ... повеќе
2008-07-04 Директна воздушна линија меѓу Кина и Тајван по пет децении ... повеќе
2008-07-04 Ранети 11 луѓе во експлозија во Пакистан ... повеќе
2008-07-04 Земјотрес во Иран ... повеќе
» Останати топ вести
|
|