|
|
 |
|
Welcome to Tetovo
|
 |

Тетово се наоѓа на северозападниот дел на Република Македонија, на падините на Шара, односно на Долната Полошка Котлина. Денеска општина Тетово зафаќа простор од 87 км2, а заедно со новоформираните општини кои произлегуваа од неа и кои и ден денеска гравитираат кон неа, таа површина изнесува 1053 км 2.
Гледано од демографска смисла Тетово е мултиетничка средина со околу 200.000 граѓани од кои : Албанци се околу 83%, Македонци околу 12% и 5% Турци, Роми, Срби и др., а според верската припадност над 80% припаѓаат на муслиманската вера и останатите на православната.
Тетово спаѓа меѓу најстарите градови во Македонија, во кој низ историјата се испреплетувале голем број култури засновани врз традицијата на граѓанските општества кои живеат во овие простории. Во Тетово постои едно албанско аматерно културно-уметничко друштво,три македонски и едно турско. За жал, до сега немало некоја посебна институционална организација на ниво на Општината или на Републиката за организацијата на различните културни активности.
Во Тетово постојат 89 основни училишта, 5 средни, Универзитет во Тетово на албански јазик, кој што се уште не е легализиран, како и Универзитетот на Југо-источна Европа кој започнува со работа ова 2001год.
Тетово се наоѓа на 460 – 500 мнв и има средно континентална котлинска клима со просечна годишна температура од 11,6 о Ц.
Стопанството во Тетово се заснива во некои најголеми стопански организации наследени од поранешниот систем, а во последно време значајно место завзема приватниот сектор, од сите области на стопанството, а особено преработката на дрвото, метало структурската индустрија, пластиката, трговијата и друго. Стопанска вредност ќе има магистралниот пат, односно коридорот 8 Драч-Софија-Истамбул, кој поминува низ Тетово и е во изградба.
Климатско – почвените, хидрографските и просторните услови одговараат за развој на земјоделството и сточарството, односно преку поволните температури , погодни почви со висока бонитетна вредност и обилното количество на воден потенцијал се овозможува одгледување на житни, градинарски, овоштарски, фуражни и некои индустриски култури. Во однос на сточарството, истите тие услови одговараат посебно за развој на краварството и високопланинските пасишта, за предуслов за развој на овчарството.
Главното место за развој на туризмот го држи туристичкиот центар Попова Шапка и другите природни убавини на Шар Планина, кој што е познат за развојот на белиот спорт во Републиката па и во светските размери.
Реката Пена бисерот на градот и вечниот предизвик на тетовчани е најубавиот украс со кој што природата го дарувала ова прекрасно поднебје.
Како најпознати културно споменични наследства се набројуваат : Шарена џамија, Арабати Баба Теќе, Амам, Стар мост, Тетовското Кале, Лешочкиот Манастир и др, кои истотака придонесуваат за развојот на туризмот. Посетитего и нашиот спонзор: superminute.com
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-05-15 Убиен овчар во близина на Свети Николе ... повеќе
2008-05-15 Девојче сексуално злоставувана од четири соученички ... повеќе
2008-05-15 Бројот на жртвите од циклонот Наргис достигна 43.300 лица ... повеќе
2008-05-15 СРП, ДПС и СП со начелен договор за власта во Белград ... повеќе
2008-05-15 Сенатот ја изгласа новата Влада на Берлускони ... повеќе
2008-05-15 Бројот на жители на Романија намален за 1,7 милиони ... повеќе
2008-05-15 Сајовиц – Неправилности во работењето на УО на МРТ ... повеќе
» Останати топ вести
|
|